Готово е, доцна синоќа падна договор за трансферот на Алексис Санчез

Алексис Санчез повеќе нема да го носи дресот на Манчестер Јунајтед откако синоќа беше договорено неговото заминување од „Олд Трафрод“..

Авантурата на Санчез во редовите на „Црвените ѓаволи“ завршува на неславен начин со оглед на тоа дека не ги оправда очекувањата, а неговата наредна дестинација ќе биде Интер.

Италијанските медиуми доцна синоќа објавија информација дека Јунајтед и Интер го договориле трансферот на Чилеанецот кој во последно време не игра во склад со репутацијата.

Санчез во клубот од Милано ќе пристигне на едногодишна позајмица со задолжителен откуп на крајот од сезоната. Откако ќе биде откупен искусниот дефанзивец би требало да потпише двегодишен договор.

Така, 30-годишниот играч по осум години ќе се врати во Серија А каде претходно со доста успеси играше во Удинезе каде се препорача со своите игри во Барселона.

Во Јунајтед пристигна во јануари 2018. година од Арсенал за 34 милиони евра.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top