Готово е: ПСЖ заврши трансфер од 75 милиони евра

Раководството на францускиот првак го договорил првиот трансфер. Станува збор за фудбалерот на холандскиот великан Ајакс, играчот за врска Фрнки де Јонг кој од лето ќе го облече дресот на „светците“..

Вредноста на трансферот ќе биде 75 милиони евра, а 21 годишниот фудбалер го одбра ПСЖ пред Манчестер Сити, но и Баерн и Барселона кои исто така беа заинтерсирани за него.

Така Де Јонг од наредната сезона ќе го облече дресот на тимот од „Паркот на принцовите“ и ќе стана уште едно во низата скапо платени засилувања.

Де Јонг од 2016 година е член на првиот тим на Ајакс за кој за краток период стана стандарден првотимец и забележа 50 настапи на кои постигна 2 гола. За селекцијата на „лалињата“ има четири настапи.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top