Готово е: Роналдо ги поминал лекарските прегледи во Јувентус!?

Кристијано Роналдо е топ-тема во италијанските медиуми откако вчера излезе информација дека е пред трансфер во Јувентус..

Денеска чекор понапред отиде поранешниот генералниот директор на торинскиот клуб Лучано Моџи кој изјави дека Роналдо веќе ги поминал лекрарските прегледи и потпишал договор со Јуве.

„Сите сакале да се заврши работата во тајност и се чини дека успеаја. Моите извои ми тврдат дека е се завршено и дека Роналдо е нов играч на Јувентус“, изјави Моџи.

Засега нема официјална потврда за оваа информација ниту од Јувентус, ниту од Реал.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top