Градоначалничката Стерјова за распуштањето на Советот на Општина Витлси

Реакција на градоначалничката на Општина Витлси, Емилија Лиса Стерјова.

Со големо разочарување и неверување и одговарам на препораката на Општинскиот набљудувач на државната власт за отпуштање на уредно избраниот совет на Општина Витлси. набљудувачот требаше да достави привремен извештај на 27 март и финален извештај до министерот за локална самоуправа на 30 јуни 2020 година.

Наместо тоа, извештајот беше избрзан без да се даде можност да се постапи според советите на набљудувачот. Однесувањето на самиот набљудувач резултираше во голем број поплаки и истраги за неговото заканувачко и застрашувачко однесување.

набљудувачот препорача на жителите на Општина Витлси да им бидат одземени основните демократски права на претставување на Општината

На 7 ноември 2019 година бев избран за најмлада жена градоначалник во Австралиската историја заедно со нашата посветена заменик-градоначалничка, Алана Десиато. Ова беше достигнување да се слави во име на жените и младите во Австралија. Поминаа над 100 дена достигнувања за нашата заедница.

Се гордеам со моите достигнувања кои вклучуваат Младински советодавен комитет за вклучување на младите луѓе во одлучувањето на Советот. Покрај тоа, Советот повторно да го врати договорот за рециклирање, да одобри стратегија за нетбол и кошарка, да ги разгледа услугите за нега на стари лица, да ги одобри случувањата што создадоа илјадници нови работни места, воведе во живо пренесување на состаноци за подобрување на транспарентноста на Советот, воведе нова технологија за подобрување на услугата на Советот , работеше на зачувување на природните резерви од развој и се залагаше за подобра патна и транспортна инфраструктура за да го олесниме сообраќајниот метеж.

И покрај сето ова, претрпев одмазднички лични напади кои започнаа со моето разрешување од Лабуристичката партија за едноставно прифаќање на изборите за градоначалник. За жал, некои машки советници не можеа да прифатат дека две способни жени во 20-тите години ја заслужуваат улогата.

Јас не бев нападнаната за она за што се залагав. Бев нападната за таа која што сум.

Политиката на кое било ниво не е обврска за тие со слабо срце - но мојата мотивација да станам советник, беше и продолжува да дава глас на вредните жители во Витлси.

Отфрлањето на правилно избраниот совет поради препорака на избрзан извештај ќе им го одземе на жителите на Витлси нивното основно право да избираат свои советници и да бидат претставени на Општинско ниво.

Право што е само неколку месеци пред да се одржат изборите во Советот подоцна оваа година. Исто така, новиот Закон за Општините ќе биде изгласан во рок од една недела, со кој ќе се овозможи разрешување на одделни советници, наспроти Советот како целина. Па, прашувам зошто брзањето?

Се чини дека министерот сака да заштити еден од своите. Нека биде јасно, целиот наш Совет се разрешува заради неколку мисогинистички мажи кои ја ставаат политиката пред нашата заедница. Наместо повеќе истраги кои одат во тек, нашето отпуштање од работа, значи дека малтретирање е опростено и неосудено.

Но, наместо да викаме за разрешување на Советот, како што го повика оваа фракција, заедно со заменик-градоначалникот Алана Десиато, ние избравме да се спротивставиме на малтретирањето и да ги поставиме интересите на заедницата во прв план.

Поради овие причини, јас ги повикувам Премиерот и Министерот за локална самоуправа да го отфрлат избрзаниот извештај на набљудувачот и неговите препораки. Единствените губитници ќе бидат вредниот народ на Витлси и демократијата.

Конечно, би сакала да и се заблагодарам на заедницата која веруваше во мене во гласачката кутија во 2016 година да бидам нивнен претставник. Имаме најмногу несебични жители кои навистина ја прават Витлси најдобро место за живеење и чест и привилегија е да се изврши таква исполнета улога за да и помогне на нашата заедница

После она што го издржав како најмлада жена градоначалник во Австралиската историја, Бог нека и помага на секоја млада жена која има аспирации да влезе во политиката.

До нашата заедница Витлси. Ќе се вратам.

Со почит,

Градоначалничката Емилија Лиза Стерјова.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top