Градоначалникот на Демир Хисар Блажевски се врати од Хрватска

По нецели четири дена престој во Задарската жупанија, градоначалникот Блажевски, се врати од струдискиот престој во Хрватска.

Оваа посета на градоначалниците од пелагонискиот регион ја организира Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, а во рамките на проекто за експанзија на малите бизниси што го спроведува Американската развојна агенција (УСАИД).

Како што пишуваат тамошните веб портали и другите eлекетронски медиуми, првите луѓе на општините Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани и Крушево имале прилично „набиена“ агенда. Дури и на последниот ден пред самото поаѓање за назад, била организирана средба на високите претставници на задарското Здружение на претприемачи.

Како што пишува на официјалниот веб портал на ова Здружение, на оваа средба била најавена и повторна средба со македонсите пријатели од пелагонискиот регион, но на ниво на стопанственици од која што може да се очекува да произлезат нови прилики за подобро поврзување и остварување на стопанска соработка.

Како што претпладнево накратко не брифираше градоначалникот Љупчо Блажевски, за време на престојот имале средби со претставници на Градот Задар, Задарската жупанија, Градот Биоград, Општината Поличник, посета на фабриките на Мараска и задругата Масвин, као и обиколка на проектот за наводнување Баштица.

Повеке фотографии погледнете овде


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top