Граѓаните бараат извршителите да се вратат во рамките на судот

Под мотото „Стоп за грабежот“ денеска се протестираше, како што велат присутните граѓани, против корумпираниот правосуден систем во државава..

Неформалното здружение на граѓани побараа извршителите да се вратат во рамките на судот, но и да се направи ветинг во судството, оти според нив, има криминални судии. Се пожалија дека кај дел од граѓаните се појавиле долгови во банки кои не постојат по 15 години. Протестот започна од пред Министерството за правда, а заврши пред комплексот судови.

Еден феномен кој сега го забележувам, бидејќи тарифникот на извршителите е намален, тие сега влегуваат во лихварски односи со физички лица, па прават лихварски односи и облигации кои се ненормални, нездрави и кои влегуваат во аспектот на кривичниот законик“- изјави Ана Глигорова, Здружение „Стоп за грабежот“.

Иницијатива за измена на Законот за судии и обвинители, за и тие како и сите граѓани да одговараат кривично пред Законот, а не како што е сега Законот за судии и обвинители за своето судиско или обвинителско постапување да не одговараат, туку одговорна е Република Северна Македонија“-изјави Горан Новаковски, Здружение „Стоп за грабежот“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top