Граѓаните бараат повисоки плати и пониски цени

Покачувањето на платите за вработените во основното и средното образование, за вработените во градинките и за лекарите и медицинските сестри за пет отсто не претставува промена, бидејќи од друга страна се покачуваат акцизите, велат граѓаните..

Прашани од Алсат М, тие велат дека треба да има поголемо покачување на платите и намалување на цените на производите, со цел да се подобри животниот стандард.

„За 3 насто е покачена цената на шеќерот, нафтените деривати се зголемуваат, сите други прехрамбени производи, но само платата не. Платите се намалуваат а цените се зголемуваат“.

„Платите не 5%, туку треба да растат 80%. Платите се ниски, 200 евра, со ова не може да прживее маж и жена, а камо ли да чува семејство“.

„Нафтата поскапава, производите исто така. Како што расте нафтата треба да растат и платите бидејќи производите ги купуваме со пари. Треба да дадеме пари за да земаме некој продукт. Со 200 евра ништо не правиш, треба барем покачување од 300, 400 или 500 евра“. – велат граѓаните

Покачувањето на платите го најави министерот за финансии Драган Тевдовски кој рече дека покачувањето од 5% се предвидува во буџетот за следната година. Од друга страна, од 1 јануари се очекува да се зголеми акцизата за дизелот. Според Министерството за финансии, причина за ова зголемување се препораките на ЕУ за заштита на животната средина и намалувањето на загаденоста. Паралелно со акцизата, може да се зголеми и цената на јавниот превоз.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top