„Граѓаните“ без милост: Сити на три победи од титулата

Иако понеделник не му се допаѓа на Пеп Гвардиола, Манчестер Сити без проблеми славеше на гостувањето кај Стоук со 2-0 и ја оствари четвртата победа во низа..

Со тоа, на осум кола пред крајот на сезоната ја задржа разликата од 16 бода во однос на Јунајтед и му требаат уште три победи за да стигне до нова титула, прв под водство на Гвардиола.

Двата гола вечерва беа дело на Давид Силва, првиот во десеттата минута на асистенција на Стерлинг, а вториот на Габриел Жезус во 50. минута. По овој пораз, Стоук остана во опасната зона, но со само еден бод помалку од 17-пласираниот Саутемптон.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top