Граѓанското помирување приоритет на Пендаровски

Новиот македонски Претседател, Стево Пендаровски рано утрината на својот прв работен ден во претседателската вила на Водно, се огласи на Фејсбук..

„Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го започнеме граѓанското помирување, затоа што немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. 

На тој пат сакам да се вложам без остаток, не водејќи сметка за сопствениот политички рејтинг. 

Сите добронамерни луѓе, политичари и партии што ќе решат да одат по истиот тој пат ќе ја имаат мојата поддршка“ - објави Претседателот Пендаровски.

По вчерашните лични честитки од претседателите на Србија, Албанија, Косово и на Бугарија, до Пендаровски пристигнуваат бројни честитки од светски државници.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top