Грчката црква ја призна Украинската православна црква

Барањето на Вселенската патријаршија за прифаќање на афтокефалноста на Украинската православна црква беше прифатено на состанокот на Синодот (свештеноначалништвото) на Православната црква на Грција..

Денес на вонредната средба на телото кое го сочинуваат 80 владици, беше призната новата автокефална црква.

Седум митрополити бараа одложување на таа одлука.

Поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос, од сега во молитвите ќе го спомнува и поглаварот на Украинската црква.

Според информациите од денешното заседание на Синодот, владиките со акламација гласале за предлогот на Јеронимос за признавање на автокефалноста на Украинската православна црква.

Атинскиот весник Катимерини на својот сајт пишува дека Јеронимос на денешната средба бил известувач за таа тема што ретко се случува, и дека тоа укажува дека тоа е „одлука од особена политичка вредност, јасна порака на поддршка на Вселенската патријаршија, испратена во сите насоки“.

Јеронимос напомена дека Украинската црква секогаш била во канонска надлежност на Вселенската патријаршија која се откажа од таа своја надлежност, за Украинската црква да им се придружи на автокефалните православни цркви, иако тој акт го оспори Московската паријаршија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top