Грчката страна цврста во ставовите за името

Грците не се даваат така лесно.

Време е за решавање на прашањето за името, сега се чини дека е шанса за тоа – оптимиситчки изјавува шефот на грчката дипломатија Никос Коцијас во интервју за грчкиот портал Документо, повторувајќи ги познатите позиции на Атина што треба да се исполни за се надмине спорот.

Никос Коцијас, министер за надворешни работи на Грција:

Промена на Уставот подразбира имплементација на “ерга омнес”, односно севкупна употреба на името, како за меѓународна така и за внатрешна употреба и избегнување на спорови кои можат да се случат во иднина ако не се промени Уставот. Второ, така се избегнува можноста во иднина друга Влада да бара одговорност за кршење на Уставот“.

Премиерот Заев изминатата недела одоговори дека тој не гледа потреба од измена на Уставот и дека ратификуван меѓународен договор е доволна гаранција за тоа дека решението меѓу двете земји ќе биде одржливо.

За два дена во Скопје доаѓа американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел кој ќе се сретне со владиниот врв. Од владата не ја прецизираат причината за неговата посета. Експертите веруваат дека високиот американски дипломат ќе донесе пораки за прашањето за името и реформите.

“Тој доаѓа во вистинскиот момент и тоа е многу силен сигнал дека Македонија влегува во процесот на решавање на спорот со името. Но, не само тоа. Без сомнение дека посетата ќе одрази и на други прашања кои се однесуваат на процесот на политичка стабилизација на земјата, пред се на реформите кои треба да се исполнат, како и на потребата од релаксација на меѓуетничките односи”, оценува Мерсим Максути, универзитетски професор.

Според Максути, американското присуство и еветуално посредништво во процесот ќе биде клучно за евентуален договор меѓу Скопје и Атина.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top