Грчки навивачи избркани од „Australian Open“ поради расистички скандирања насочени кон Македонија

Група грчки навивачи беа избркани од тениската арена на „Australian Open“ откако со расистички навреди, веејќи го синото знаме со сонцето од Кутлеш го растурија редот и мирот на натпреварот..

Голем број на грчки навивачи беа избркани од „Australia Open“ во средата вечерта, неколку дена откако грчкиот тенисер Стефанос Циципас ги повика своите возбудливи навивачи да се сетат дека се на тенис, а не на фудбал и да го тонизираат своето однесување.

Навивачите се пожалија дека имало и расистички скандирања на натпреварот помеѓу  грчката тенисерка Марија Сакари и Јапонката Нао Хибино.

Полицијата на Викторија потврди дека група од 15 до 20 мажи биле исфрлени во 18.05 часот поради расизам и нарушување на редот и мирот во тениската арена.

Грчките навивачи го вееле и сонцето од Кутлеш со сина позадина, претставувајчи го како Грчко знаме

Сакари рече дека не сметала дека однесувањето на навивачите е несоодветно и се надева дека навивачите ќе бидат добредојдени на идните натпревари.

„Мислам дека беа одлични, тие многу го почитуваа противникот. Престанаа кога мораа да престанат“, рече Сакари.

Таа рече дека скандирањата за Македонија се „патриотизам“ и како иселеници или потомци на грчки мигранти, навивачите се чувствувале како поголеми грци од тие во Грција.
Во понеделникот на Циципас не му се допадна степенот на агресија што го понудија неговите навивачи. „Навистина ми се допаѓа што доаѓаат и ме поддржуваат бидејќи тоа ми дава многу позитивни страни во мојата игра. Јас навистина не знам зошто некогаш претеруваат“, рече Циципас.

Ако би бил противник ... Мислам, јас разбирам дека тој не разбира што се случува таму и што се извикуваат, но мислам дека, исто така, од нивна страна, тие треба да покажат малку повеќе почите спрема моите противници. Тоа е се. Ништо друго.''

Извор: The Age


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top