Грчки воен авион се урна при пресретнување турски авиони

Пилотот на грчкиот воен авион кој се урна во Егејското Море е најден мртов, соопшти грчкото министерство за одбрана. Пилотот бил на задача на пресретнување турски воени авиони, пренесуваат агенциите..

Министерот за одбрана Панос Каменос изрази жалење за пилотот кој „падна во име на одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грција“. Во потрагата по претходно исчезнатиот пилот учествуваа бродови на грчката морнарица и воени хеликоптери.

Според портпаролот на грчкото министерство за одбрана авионот „мираж 2000-5“ се урнал северно од островот Скирос. Инцидентот се случи среде тензии меѓу Грција и Турција околку воздушниот простор.

Грчките сили минатата недела пресретнаа турски воен дрон кој влезе во нивниот воздушен простор на југоистокот на Егејското Море, над островот Родос.

Турското беспилотно летало „анка“ двапати влегло во грчкиот воздушен простор, по што ја пресретнал грчки Ф-16 кој полета од базата Кастели на Крит, пишува Катимерини.

Грчки и турски борбени авиони учествуваа минатата недела во два инциденти над Егејот, откако турските млазни авиони влегле во грчкиот воздушен простор во 16 наврати. Беспилотни летала турксата морнарица почна да користи пред две недели.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top