Грција и Турција самите нека си ги решат проблемите, рече Столтенберг

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека лидерите на Турција и Грција треба самите да ги решат прашањата што предизвикуваат тензии во односите меѓу нив, бидејќи тоа не е работа на НАТО..

„Одредени недоразбирања што се појавија меѓу нив треба да се решат во рамките на добрите односи. Се радував кога дознав дека премиерите на двете земји за време на нивниот последен телефонски разговор се согласиле проблемите да ги решат преку дијалог“, рече Столтенберг во интервју за турската агенција Анадолија.

Тој утре ќе допатува во посета на Турција, со цел подготовката за престојниот самит на НАТО во јули во Брисел. Столтенберг додаде дека со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, шефот на дипломатијата Мевлут Чавушоглу, и министерот за одбрана Нуретин Џаникли ќе разговара за повеќе регионални и глобални теми.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top