Грција: Меѓународната заедница да дозволи враќање на бегалците во своите домови

Грчкото Министерство за надворешни работи порача Меѓународната заедница да пронајде политичко и одржливо решение за Сирија, што ќе помогне бегалците да се вратат во своите домови..

„Грција остро ја осудува употребата на хемиско оружје и ги поддржува напорите тоа да биде уништено. Меѓународната заедница треба да се стреми кон политичко и одржливо решение во Сирија, кое ќе стави крај на војната и ќе дозволи враќање на бегалците, се вели во соопштението на грчкото МНР.

Понатаму се додава и дека дипломатијата треба да се врати во прв план и да продолжат обидите за мир, во рамките на Обединатите нации.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top