Грција планира да го легализира одгледувањето на медицински канабис

Грчката Влада соопшти дека ги активирала плановите за легализирање на одгледувањето медицински канабис, со аргумент дека зголемениот интерес на инвеститорите може да помогне во напорите за излез на земјата од кризата..

Законот за легализирање на производството на канабис денеска бил доставен до Парламентот и се очекува пратениците по него да се изјаснат во текот на овој месец.

Грција минатата година дозволи употреба на медицински производи од канабис, но моментно се потпира само на увоз, додека се подготови правна рамка за одгледување на оваа култура во земјата.

Претставници на Владата кои ги презентирале деталите за проектот, изразија надеж дека домашното производство и преработка би можеле да привлечат 1,5 милијарди евра инвестиции во текот на три години.

Според нацрт-законот, лицата кои ќе одгледуваат канабис ќе мора да имаат најмалку 21 година, да немаат казни поврзани со дрога и да имаат најмалку четири хектари земјиште.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top