Грција протера двајца руски дипломати

Според медиумските извештаи, Москва наводно се вмешала во преговорите со Македонија за името..

Грција протера двајца руски дипломати, заради наводите дека Москва се вмешала во преговорите со Македонија за името.

Портпаролот на грчката влада не даде многу детали по извештаите, но кажа дека Атина ќе преземе соодветни „мерки“ против оние кои го прекршиле меѓународното право.

Руските власти рекоа дека како одговор, од Москва ќе бидат протерани двајца грчки дипломати.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top