Грција се подготвува за удар на реткиот ураган: Одете кај роднини или пријатели

Грција се подготвува за ударот на големиот циклон, односно невремето Јанус, кое утре ќе ја погоди земјата..

Експертите апелираат на претпазливост, а генералниот секретар за цивилна заштита денес издаде посебни упатства до граѓаните.

Грците се повикуваат да бидат внимателни и сите што живеат на приземје да бараат сместување кај роднините или пријателите за да се заштитат од овој медитерански циклон. Заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, во обраќањето до нацијата рече дека се очекува многу лошо време. Тој предупреди на поплави и дека може да паднат дрвја и да се подигне нивото на морето, особено во областите Закинтос, Келафониа, Итака, Месинија, Евија ...

Медикан или медитеранскиот тропски ураган е многу редок метеоролошки феномен во Средоземното море, а најмногу се јавува само во најтоплиот дел на Медитеранот.

За развој на урагани на Медитеранот, условите се многу неповолни: температурата на морето не е доволно висока, честопати нема доволно влага, а Медитеранот е едноставно премал за нивно развивање. Од 1948 до 2011 година се забележани вкупно само 99 циклони кои потсетуваат на ураган.

„Ефектите од Јанус, мора да бидеме јасни, ќе бидат слични на оние од посилно невреме. Обилните врнежи од дожд ќе донесат поплави во урбаните делови на Грција, а може да има и привремени потешкотии во снабдувањето со електрична енергија, вода и телекомуникациите. За сите што живеат на овие места потребно е да ги следите трите главни упатства: Оние што живеат во области кои претходно претрпеле поплави или во близина на реки и брегови,да избегнуваат престој на риземје, подруми и сутерени “, рече заменик-министерот за цивилна заштита.

"Размислете да одите кај роднини или пријатели неколку дена поради лошите временски услови. Избегнувајте какво било непотребно движење за време на овие тешки услови и заштитете ги прозорците и вратите, секогаш имајќи ја предвид можноста да се качите на горниот кат. Не преминувајте преку поројни води и поплавени патишта без причина. Следете ги медиумите за понатамошни насоки “, додаде Хардалиас.

Бурата Јанус се очекува утре, во четврток, но циклонот ќе се движи до сабота.

Последниот медикан беше оној наречен Зорбас, кој ја погоди областа во Грција кон крајот на септември 2018 година, а неговата траекторија беше скоро идентична со онаа што се предвидува за претстојниот систем.

Поради тоа невреме, сообраќајот со траекти беше запрен, како и авиосообраќајот, а училиштата беа затворени неколку дена.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top