Грците уште протестираат против договорот со Македонија

Во Солун повторно се протестираше против договорот на Атина и Скопје за новото име на Македонија, а граѓаните на собирите се повикуваат преку социјалните мрежи..

Првиот протест почна во 19 часот по локално време, пред македонскиот конзулат во Солун, а другиот еден час подоцна беше одржан и на него протестирале бајкери и граѓани на моторцикли.

Според грчките медиуми бројот на граѓани кои протестирале бил 2500 а тие на протестите биле опремени со грчки знамиња и транспаренти.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top