Грешката која го одлучи шампионот: Судијата по мечот дошол да му се извини на Меси во соблекувалната

Една од најголемите кризи во последните десет години ја зафати Барселона по заминувањето на Пеп Гвардиола, а на клупата на каталонскиот клуб во сезоната 2013/14 тогаш беше Херардо Мартино..

Аргентинскиот стручњак тогаш се појави како гром од ведро небо, а наводно во клубот дошол на инсистирање на Лионел Меси. Меѓутоа, тој во Барселона се задржа само една сезона бидејќи не успеа да донесе никакви значителни промени во играта на овој тим кој сезоната ја заврши без ниту една важна титула.

Во последниот меч од сезоната на „Камп Ноу“ се одлучуваше шпанскиот првак помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид. На Каталонците тогаш им беше потребна победа, но играчите на Диего Симеоне извлекоа реми (1:1) и така на големо изненадување станаа шампиони на Шпанија.

Сепак, Барса во финишот од мечот успеа да дојде до втор гол кој го постигна Лионел Меси, но тогаш судијата го поништи неговиот гол поради наводен офсајд. Судијата на тој меч дошол во соблекувалната на Барса со цел да му се извини на Меси.

„Меси даде гол кој ќе ни донесеше титула, но судијата го поништи. Плачевме во соблеувалната по натпреварот, а потоа се појави судијата кој дојде да му се извини на Меси. Уф, тоа беше многу тешка година за нас“, изјави Паолоросо за „ТНТ Спорт“.

Главен судија на тој натпревар беше Антонио Матеу Лахоз кој очигледно не бил сигурен во одлуката на својот помошник околу офсајдот. А доколку навистина дошол во соблекувалната да му се извини на Меси, тоа значи дека веројатно бил свесен дека со својата грешка го одлучил шампионот на Шпанија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top