Грета Тунберг борбата против климатските промени ја водеше од Канада

Но, Тунберг вели дека ако возрасните ги измејуваат децата, тогаш навистина се чувствуваат загрозено..

Низ светот, денеска повторно се протестираше против климатските промени. Денешните протести „Петок за иднината“ почнаа во Нов Зеланд, а од европските земји најмногу луѓе на улиците излегоа во Италија, нешто повеќе од еден милион.  

Маршот кулминира во Монтреал, каде 16-годишната активистка Грета Тунберг, која го започна глобалното движење, натера илијадници Канаѓани да излезат на улиците.

Тунберг во својот говор рече дека грдите зборови со кои се соочува од светските лидери е доказ дека позитивната порака од движењето се шири. 

Нејзините повици за климатска акција, американскиот претседател ги нарече песнички на едно тупаво девојче. А во Канада, лидерот на Народната партија, рече дека е „ментално болен пион на возрасните“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top