Грнчаров: Нема што да загубиме, со полн стадион навивачи, до добар резултат против Зенит!

Капитенот на ФК Вардар, Боби Грнчаров, на вчерашната пресконференција пред мечот со Зенит, ги истакна своите очекувања од првиот меч во групната фаза во ЛЕ, што за Вардар и Македонија претставуваат историски денови..

Грне се надева дека Вардар ќе продолжи со одличните настапи на европска сцена, и дека во групната фаза ќе остават белег во фудбалска Европа.

Верувам дека утре ќе играме офанзивно, на гол повеќе од противникот. Играме на нашиот стадион пред нашата публика. Се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број да нè поддржат. Играме одлично дома во Европа, од три натпревари имаме три победи, и посакуваме утре да ја продолжиме таа серија и да ги освоиме првите бодови во групната фаза од Лигата на Европа“.

„Немаме што да загубиме, туку можеме само да добиеме во ова натпреварување. Кога почнавме да играме во Европа, нашата цел беше да влеземе во групната фаза од Лигата на шампионите. Но не успеавме со поразот во Копенхаген. Меѓутоа ниту групната фаза од Лигата на Европа не е за потценување. За нас е големо достигнување, среќни сме што сме тука, и сега ќе дадеме се од себе за добар резултат“, изјави Грнчаров.

Натпреварот се игра вечерва со почеток од 21:05 часот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top