Груби се осигура дека нема да имаме датум: Апсолутно сите барања на ДУИ се ставени во двата закона

Артан Груби рече дека „во рекордно време Комисијата за европски прашања ја заврши расправата за предлог законот за јавно обвинителство и на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители“..

Двата закона веќе ги проследивме на пленарна седница и сега се во рацете на претседателот на Собранието Талат Џафери, кој откако ќе потврди дека имаме двотретинско мнозинство кое јас верувам дека веќе го имаме ќе ја свика пленарната седница за да се изгласаат, рече Груби.

Апсолутно сите барања на ДУИ и на заедницата, како што дополни, се инкорпорирани во двата закона.

Успеавме да воведеме Бадентер во изборот на сите јавни обвинители во обвинителството за гонење организран криминал и корупција, успеавме да ја вметнеме и целосната еднаква службена употреба на албанскиот јазик во Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители, согласно со одлуките пропишани во Законот за употреба на јазиците, како и намалување на критериумите за избор на јавни обвинители при што ќе се обезбеди правична застапеност и на Албанците и на другите етнички заедници во Јавното обвинителство – рече Груби.

Одговарајќи на новинарско прашање наведе дека смета оти веќе имаат двотретинско мнозинство со оглед на тоа како се одвивала дебатата на Комисијата за европски прашања и со оглед на тоа какво е расположението кај пратениците.

Овие две точки на дневен ред заедно со уште неколку кои преостануваат во овој мандат за во март, најдоцна во мај да добиеме заслужен датум за почнување преговори за членство во ЕУ – изјави Груби.

На текстот на законот за ЈО имаше само еден амандман поднесен од пратеникот Сурија Рушиди, кој министерката за правда Рената Дескоска не го прифати и не беше усвоен од мнозинството во Комисијата.

Како што објасни претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби, пратеникот Панчо Минов иако најавил не поднел комисиски амандман на законот за ЈО.

За двата закона, што се носат по кратка постапка, денеска треба да се изјасни и собраниската Законодавно правна комисија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top