Груби: Во партијата направивме грешка што не предложивме ниту една жена во Владата

Привиот заменик на премиерот, Артан Груби признава дека неговата партија направила грешка што нема ниту една жена како функционер во Владата..

„Континуирано работиме на родовата еднаквост и задоволен сум од досега направеното, но направивме грешка што ниту една жена како претставник од ДУИ не е дел од Владата“, изјави Груби во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

Инаку, според анализата што „360 степени“ ја направи веднаш по парламентарните избори во јули, овој пат жените освоија повеќе пратенички мандати од претходните, иако рамоправноста е далеку.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top