Груевски: Ајде да седнеме и да разговараме

Еве уште еднаш ја користам приликата на овој наш голем празник, историски ден, за да повикам на промена на форматот на разговорите за изнаоѓање решение, односно носители на одговорните тимови на двете земји да бидат премиерите.

Премиерот Никола Груевски денеска на Мечкин Камен во обраќањето пред присутните по повод одбележувањето 110 години од Илинденското востание и 69 години од Првото заседание на АСНОМистакна, дека пред нас е една голема пречка,  а тоа е спорот кој пред 23 години го отвори нашиот јужен сосед Грција, која не блокира на патот кон ЕУ и НАТО. 

- Сме говореле досега многу за тоа колку е се тоа неправедно, и колку е се нелогично и апсурдно. Но, мора да се спомене денес дека разговорите со Грција се во една доста сложена фаза, односно во еден ќор сокак, во кој единствена детерминанта и цел е купувањето време. Одбивањето разговори и средби, неможноста на медијаторот да закаже елементарен состанок кај една од страните е само показател за состојбата во која се наоѓаме, посочи претседателот на Владата. Во тој контекст прашува како да решиме спор ако не разговараме, ако постојано како одговор добиваме клише реакции и веќе видени тези, како да решиме спор ако никој, буквално никој освен нас не е директно мотивиран или храбар да придонесе овој спор да се реши. Како да го решиме спорот, подвлекува премиерот, кога на конкретни иницијативи се одговара тотално незаинтересирано.

- Ајде да седнеме и да разговараме. Еве уште еднаш ја користам приликата  на овој наш голем празник, историски ден, за да повикам на промена на форматот на разговорите за изнаоѓање решение, односно носители на одговорните тимови на двете земји да бидат премиерите, и да се обидеме заедно да дојдеме до некое за двете страни прифатливо решение, крајниот збор секако и секогаш ќе го имаат граѓаните на организиран референдум и тоа е обврска од која ниту еден политичар, партија или поединец не смее да бега, повика македонскиот премиер Груевски.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top