Груевски ќе ја трансформира ВМРО-ДПМНЕ од конзервативна партија во граѓанска десница

Со стариот лидер ВМРО-ДПМНЕ најави почеток на нова ера. Никола Груевски во обраќањето на вечерашната партиска конвенција најави и промена на карактерот на ВМРО-ДПМНЕ и нејзино доближување до центарот..

-Време е за нов пристап, новата ера почнува. ВМРО-ДПМНЕ беше конзервативна партија и таа карактеристика ќе ја задржиме, но денеска ќе се претставиме како граѓанска десница. Во граѓанската десница секој е добредојден и таа им се обраќа на сите, рече Груевски.

Груевски зборуваше дека во новата ера ВМРО-ДПМНЕ ќе се води од транспаретноста, а државата секој треба да ја чувстува како свој дом.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top