Груевски може да основа партија ВМРО надвор од Македонија?

Историчарот Красимир Узунов во интервју за бугарското радио „Фокус“, рече дека осудениот Никола Груевски од Македонија не избегал без соработка со власта..

Бугарскиот историчар Красимир Узунов во своето интервју оди до таму што ја остава отворена можноста на македонскиот екс-премиер да му се придружат и дел од неговите сопартијци, па да основаат задгранично претставништво на ВМРО.

Груевски исчезна таинствено, како што впрочем се се случуваше во Македонија последниве 100 години, вели Узунов и додава:

„Тој поминал низ цела Албанија, Црна Гора и Србија. Некои велат дека во Србија дури имал и вечера во високи кругови и оти после заминал за Унгарија“, вели Узунов.

„Ако се чита историјата на таа организација, такво нешто навистина постоело“, вели Узунов.

Бугарскиот историчар, којшто важи за добар познавач на приликите на Балканот, смета дека Унгарија нема да има далекусежни последици по постапката за азил, особено ако се покажат точни информациите дека Груевски веќе ја напуштил таа држава.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top