Груевски: Ова се исклучително важни избори за иднината на Македонија

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва од промоцијата на „Новата ера“ потенцираше дека зеленилото и екологијата ќе бидат приоритет во иднината..

Груевски образложи 20-тина точки од документот „Новата ера почнува“ што е и нивен слоган за престојните локални избори.

– Никогаш ама баш не се откажувајте од вашата верба, од вашата идеја. Таа е чиста и чесна. Никогаш не се повлекувајте и никогаш немојте да го правите тоа што е најправилно за вашата држава – го охрабри членството од говорницата.

Груевски најави модернизација на селото. Тој рече дека градот не може без селото и селото не може без градот.

-Со воведување на повеќе интернет во селото ќе се подобри квалитетот на животот – рече Груевски.

-Мора да има постојано инвестиции во ширење на мрежата на централно греење во градовите. Македонија ќе добие нови две до три гасни електрани- рече Груевски.

Една од целите кои ги наведе Груевски е и тоа Македонија да освојува медали на европските и светски првенства и олимпијадите.

– За да го реализираме ова, за да се движиме напред и да ја започнеме новата ера ние мораме најпрво да се ослободиме од помрачувањето кое ја зафати Македонија. Ослободувањето од тоа помрачување ќе започне на наредните локални избори на 15 октомври, а ќе заврши со предвремени парламентарни избори и враќање на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија на чело на Република Македонија – кажа на крај од својот говор.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top