Груевски повеќе отсутен отколку присутен-Собраниските обврски само изговор за привремен спас од затвор?

Нередовен во Собрание а бара поради неопходност да му се пролонгира затворската казна..

Едно од образложенијата на екс премиерот Никола Груевски на 8 ноември да не мора да се појави во затворот во Шутка се незавршени обврски во Собрание.

Дел од медиумите пренесуваат дека одбраната се повикува и на приватните обврски на Груевски а и двете ги поврзува со една од осумте точки по кои законот дозволува одлагање која гласи дека “Осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета.“

Оттука се поставува прашањето каква штета би настанала ако се земе предвид колку пати Груевски присуствувал во собраниската сала. 

Извештајот од Собранието кој го објави А1он покажува дека Груевски од јануари до јуни 2018 година само три пати присуствувал на седници. Во однос на отсуствата пак има 31 оправдно и 21 неоправдано отсуство и само една дискусија. Гласал само еднаш.

Пајазит Пајазити е судијата кој треба да одлучи во рок од три дена за овие барања на поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ на кој пак, ако не му се допадне одлуката истото барање може да го поднесе и до Крвичен суд.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top