Груевски протестира пред затворот „Шутка“

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва заедно со партиски подржувачи, протестираа пред истражниот затвор „Скопје“ во скопската населба Шуто Оризари..

Како што истакнуваат насобраните луѓе тие бараат итно и безусловно запирање на сите процеси на политички прогон, малтретирање, терор и иживување и ослободување на сите лица кои според нив се цел на политички прогон.

Влатко Ѓорчев ги поздрави актерите од МНТ затоа што покажале солидарност со својот колега, Владо Јовановски.

– Тоа е театарот на Ристо Шишков, а денеска Владо Јовановски стана новиот Ристо Шишков. Зарем актер кој никого не нападнал, не удрил, не раскрварил треба да биде суден за тероризам, за дела против државата и уставниот поредок, рече Ѓорчев.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top