Груевски: Растот во економијата ја намалува невработеноста

Растот на индустриското производство од 3,9 отсто во вториот квартал е над очекувањата и е трет најголем раст во Европа, по Литванија и Латвија, а растот на БДП придонесе невработеноста првпат да падне под психолошката граница од 30 отсто..

- Во првиот квартал имавме раст од 2,9 отсто и тоа беше четврт најголем раст во тој квартал. Сега со раст од 3,9 отсто во овој квартал практично е трет најголем раст споредено од земјите во Европа и со прилично голема доза на сигурност може да се каже дека годинава во најмала рака ќе се исполни планираниот раст од 2 отсто, а се поизвесно е дека ќе биде и повисок од 2 отсто - рече премиерот Никола Груевски.

Според него, тоа е добар тренд кој започна со последниот квартал од минатата година, а продолжува и со двата квартала во оваа година, а е резултат на многуте напори за подобрување на бизнис-климата и разни мерки кои беа преземени, а во услови кога во Европската унија кризата се уште не е надмината.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top