Груевски се јави на Фејсбук и се правдаше за новите истраги на СЈО

Новите 6 истраги на СЈО се само продолжување на политичкиот прогон кон сегашни и поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, напиша вечерва на Фејсбук поранешниот премиер, Никола Груевски..

Тој за секоја истрага која СЈО ја објави денеска, поединечно образложи зошто таа е несоснована.

-Напоменувам дека земјиштето на кое се изгради Балканскиот универзитет е продадено на јавна електронска лицитација на која можеа да конкурираат и други кандидати од областа образование, и дека цената од 1 евро квадрат е почетна цена која некогаш кога немаше други кандидати беше и конечна но најчесто имаше и други конкуренти и цената растеше при наддавањето. Пред доаќањето а ВМРО на власт имавме во изобилство неизградена земја низ градовите и селата, локации полни со шут и ѓубре и 39 осто невработени луѓе, односно само 560 илјади врљботрни. Со новите политики на ниски почетни 7 цени на земјата вработеноста од 560 илјади луѓе се искачи на 740 илјади вработени а неврабптеноста опадна од 39 на 22 осто.
Промената на уредбата на почетната цена на земјата не ја сменил еден човек, туку е сменета со одлука на владата и важи за сите.
Нашиот однос како влада кон сите инвеститори беше крајно пријателски и тоа многу помогна да ги убедиме инвеститорите да инвестираат во Македонија. Патем речено, да напоменам дека од она што јас го знам онвеститор и сопстевеник на балканскиот универзитет бо Скопје се фондации и НВО кои се и хуманитарни и добротворни организаации, и во чии управни одбори членуваат првите луѓе на најголемите турски компании како Ефес пилсен, Кока Кола, Ваикики, Халк Банка и поврќе други. За жал денес не е така со коректниот и посветен однос кон инвеститорите и затоа ретко кога слушаме за нови инвеститори. И да потсетам: до 2006тата, владата на СДСМ целокупното градежно земјиште во Македонија го продаваше без јавна лицитација и во 4 очи. Тој закон го смени и воведе транспарентна јавна лицитација токму владата на ВМРО кога премиер беше Никола Груевски а министер за транспорт Миле Јанакиески. Во врска со истрагата поврзана со финанаирање и наводно превземање на 7 медиуми, треба да се знае дека распределбата на средствата за јавни кампањи владата го вршеше во целост согласно закон, одкако претходно на јавен оглас ангажираше специјализирана куќа за медија планирње која зависно од видот и намената кон целни групи на кампањата како и рејтингот на медиумите, утврдуваше медија план врз основа на кој се распределуваа средствата за јавни кампањи од страна на државните институции кон мрдиумите. Владата никогаш сама, без критериум и надвор од закон не вршела распределба ниту одлучувала каде и колку средства за кампањи ќе се наменат. Ваквиот начин на финасирање на владини кампањи е присутен и во речиси сите други развиени држави. Неслучајно кога своевремено СДСМ го критикуваше законот по кој се распределуваа средствата за медиумски кампањи, немаше одговор на нашата понуда да предложат друг закон но да тој закон да е од некоја понапредна и поразвиена држава. Отука, никакви државни средства не биле незаконски префрлани на наводни превземени медиуми.
ВМРО-ДПМНЕ ниту имало ниту поседувало медиуми. Владините кампањи дадоа одлични резултати во времето кога се емитуваа или реемитуваа и ја остварија нивната примарна цел: да влијаат на свеста на граѓанитр за подобрување на некои лоши состојби, лошо или штетно општо прифатено однесување и обичаи, да информираат за многу можности, услуги и можности кои ги даваа државните органи со изменетите закони и реформи во тоа време, да афирмираат позитивни вредности во општеството како на пример повисоко и поквалитетно образование и знаење, итн, напиша Груевски.

Тој додаде дека СЈО е класичен инструмент за репресија кон политичките неистомисленици, и што подолго одржување на власт на СДСМ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top