Груевски се јави од Будимпешта: Шведскиот суд ја потврди вистината за 27 април,вистината ќе исплива на виделина за кратко

Новото обвинение за 27 ми април исто како и претходното е политички мотивирано и конструирано..

Ако претходното обвинение беше во функција на промената на името, идентитетот, уставот и историјата, новиот случај е во функција на следните парламентарни избори.

Правната квалификација за која се товарат обвинетите неодамна беше предмет и на шведското судство, одкако еден од учесниците во настаните по потерница беше уапсен во Шведска.

Шведскиот суд го отфрли барањето за екстрадиција, а обвинението за ,,27ми април,, го отцени како нереално и политички мотивирано, посочувајќи дека станува збор за граѓански бунт а не за терористичко уривање на уставниот поредок. 

Исто така беше посочено дека во Македонија не постојат услови за фер судење.

Вистината, порано или подоцна ќе исплива на површина.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top