Груевски: Случајот за кој ме повикаа во СЈО е непостоечки

Во однос на бомбите тој повтори дека тоа се незаконско прибавени аудио снимки..

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска по распитот во СЈО обвини дека бил повикан со цел да се замајува јавноста од како што рече, вистинските проблеми и лажните ветувања на Владата на Заев.

Во кусата изјава која Груевски ја даде за медиумите, рече дека СЈО имал истечен мандат и случајот за кој бил повикан бил непостоечки бидејќи тој реално работел.

Тој додаде и дека  јасна му била целта заради која е повикан, а тоа било да се појавува пред медиумите како осомничен.

Во однос на бомбите тој повтори дека тоа се незаконско прибавени аудио снимки.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top