Груевски со писмо бара од Џолев судиите да не му закажуваат често рочишта

Поранешниот премиер Никола Груевски утрово испратил писмо до претседателот на Основниот суд Скопје 1,Иван Џолев, да нема чести рочишта за постапките на СЈО..

Желбата на Груевски ја соопшти судијата Огнен Ставрев на денешното рочиште за случајот „ТНТ“. Груевски испратил писмо и до судијата Ставрев со истата молба.

Адвокатот на Груевски, Боро Тасевски, на рочиштето рече дека Груевски не може да се подготви и активно да учествува во судските постапки кои се водат против него ако му се закажуваат рочишта преку еден ден, односно три пати неделно.

Судењето за „ТНТ“ е во тек и веќе половина час одбраната бара одложување на рочиштето заради увид во записник.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top