Груевски: Толку често доаѓам во суд што треба да ми дадат канцеларија и плата

Судството е претворено во политичка гилотина, изјави поранешниот премиер, Никола Груевски, по денешното судење по предметот „Траекторија“..

Според него судот не се однесува исто кон обвинителите и кон одбраната, што покажува, како што рече, дека врз него се води политички прогон преку судството.

-Во судот веќе доаѓам толку често што треба да ми дадат канцеларија, а и да добивам плата – изјави тој.

Како што рече Груевски, судот кон обвинителите се однесувал со почит, спокојно и мирно, додека кон одбраната судот реагирал нервозно, што, според него, покажува на која страна е.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top