Груевски за смртта на Дулиќ: Остави траен белег како пратеник

По смртта на експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благородна Дулиќ, сочуство изрази експремиерот, сега бегалец Никола Груевски..

„Ќе ја паметиме како исклучително стабилна и цврста личност, нескршлива и праведна, храбра и мудра. Нејзиното искуство се чувствуваше во секој миг во комуникацијата со другите. Нејзината стручност доминираше во секоја соодветна прилика. Многу трудољубива и работлива. Си замина една исклучително добра и несекојдневна личност, искрена, отворена и подготвена за саможртва кога идеалот и правдата се во прашање. Секогаш ќе живее во нашите сеќавања и спомени. Остави траен белег како исклучително посветен и способен пратеник во парламентот. Нека почива во мир“, напиша Груевски од Унгарија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top