„Групата на смртта“ во ЛШ може да изгледа застрашувачки!

Една недела останува до ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите која може да донесе многу интересни пресметки..

Се очекуваат последните шест учесници во елитата, еден од нив веројатно ќе биде Олимпијакос, но конечниот список ќе се знае в среда. Од аспект на носителите и изгледот на шеширите пред ждрепката, љубителите на фудбалот се молат да има „група на смртта“ која би можела да изгледа застрашувачки.

На пример: Ливерпул, Реал, Интер и Лил со што во иста група би се нашле освојувачи на шест од последните десет титули во Лигата на шампионите. Има и друга варијатна која, пак, ја посакуваат големите гиганти во Лигата на шампионите. Тоа е лесна група, на пример: Барселона со Шахтјор, Салцбург и Генк.

Она што е јасно во моментов е дека Реал Мадрид е во вториот шешир и од, условно, послабите тимови би можел да го добие само Зенит.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top