Гуаидо бара војската да дозволи влез на хуманитарна помош од САД

Самопрогласениот претседател Хуан Гуаидо ја повика војската да дозволи влез на хуманитарната помош за Венецуела, која се очекува да пристигне на 23 февруари..

-На 23 февруари да го слушнете гласот на народот кој, како што знаете, има недостиг од храна и лекови. Овозможете да пристигне хуманитарна помош и отворете ги вратите за подобра иднина за сите. Венецуела се потпира на вас, напиша Гуаидо на Твитер.

Министерството за одбрана на сад соопшти дека Вашингтон ќе обезбеди логистичка поддршка за испорака на хуманитарна помош за Венецуела.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top