„Гугл“ на прво место на највредни брендови

Новата листа на највредните брендови во светот е објавена и првпат на неа се наоѓаат две кинески компании..

Компанијата „Алибаба“ влезе во првите десет највредни брендови и на тој начин и се приклучи на кинеската технолошка компанија „Тенсент“.

На деветото место сега се наоѓа „Алибаба“, основана од Џек Ма, чија вредност двојно се зголеми во однос на минатата година и сега изнесува 113 милијарди долари, откако компанијата почна да работи и со плаќање преку мобилен телефон.

„Тенсент “ се наоѓа на петтото место со вредност од 179 милијарди долари, а во првите десет влезе минатата година. Сега е пред „Фејсбук“.

Таа компанија е специјализирана за онлајн игри, апликации и сервиси за инстант пораки и онлајн плаќања.

Сепак, на прво место и натаму е Гугл, вреден 302 милијарди долари.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top