Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени..

„Продолжуваме да ја губиме војната против климатските промени, предупреди Гутереш на Светскиот економски форум во Швајцарија и нагласи дека постои закана за опстанокот на човештвото.

Гутереш повика на транзиција кон зелената економија и додаде дека светот ќе пропадне, ако големите загадувачи не се придружат на меѓународните напори за решавање на тоа прашањe.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top