Гужва на граничниот премин „Богородица“, стотина возила чекаат за влез во Грција

Стотина возила утринава чекаат на граничниот премин „Богородица“, за влез во Грција. Гужвата е уште од 5 часот утринава..

Македонските граѓани го користат продолжениот викенд да се разладат кај јужниот сосед.

Новитет на граничниот премин е што на возачите им се даваат налепници со ознаката  NMK. Налепницата се става на регистерската табличка, и со неа се покрива ознаката МК.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top