Гвардиола даде објаснување за конфликтот со Кун на мечот со Тотенхем

Колку што беше интересен дерби мечот помеѓу Сити и Тотенхем (2:2), пропорционално исто така интересно беше и она што се случуваше надвор од теренот..

Кога Пеп Гвардиола реши да го замени Кун Агуеро во 66. минута од игра, се случи конфликт меѓу нив двајца и тоа веројатно беше момент на денот во Премиерлигата.

Многу од навивачите се прашуваа која беше причината што Пеп реши да го извади Кун Агуеро и што точно овој му рече на неговиот тренер.

По натпреварот, Пеп даде расветлување на оваа ситуација.

„Самиот признавам дека понекогаш претерувам на аут линијата, но јас бев лут на него за вториот примен гол, од корнер, вистина е. До душа, сум бил и јас фудбалер, ги разбирам емоциите во овој спорт. По мечот зборував со него и оставивме се зад нас, порача Пеп Гвардиола.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top