Гвардиола го запали Манчестер: Не го гледам Јунајтед, ќе играм голф

Манчестер Сити денеска може да стане нов шампион на Англија иако малкумина веруваат во тоа бидејќи за такво нешто е потребна победа на ВБА на Олд Трафорд или нерешен резултат..

Изгледа не верува ниту Пеп Гвардиола кој не е особено восхитен, ниту возбуден од таквата можност. Како што рече, тој воопшто нема да го гледа натпреварот.

„Единствениот резултат што денеска сакам да го слушнам е оној од голфот. Зависиме само од себе и така ќе остане”, изјави шпанскиот стручњак кој ќе игра голф со својот син.

За да биде задоволството поголемо, Сити може пред своите навивачи да ја освои титулата бидејќи во следниот меч, на 22 април го пречекува Свонси.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top