Гвардиола принуден да купува дефанзивец, Сити влегува во битка со Челзи

Пеп Гвардиола неколку пати досега истакнувал дека не сака да купува играчи во јануари и таква беше неговата намера и за овој преоден рок, меѓутоа околностите се променети, па „Граѓаните“ ќе мораат да ја засилуваат дефанзивата..

Од друга страна и Челзи е во слична ситуација и тие се во можност да купуваат откако им беше тргната казната и можат да носат нови играчи во текот на јануари. Прва мета е нивниот некогашен член на академијата Нејтан Аке од кого лесно се откажаа, а сега холандскиот стопер брилјира во дресот на Борнмут.

Враќањето на нивното „дете“ на „Стемфорд Бриџ“ може да го поремети планот на Гвардиола.

Каталонскиот стручњак исто така има недостаток на дефанзивци, а Сити не личи на шампионскиот тим од претходните сезони. Како главен проблем се истакнуваат честите повреди на играчите од дефанзивата, поради што е јасно дека Сити мора да купува стопер. Цената на Аке воопшто не е мала, Борнмут нема да го пушти за помалку од 40-тина милиони фунти, но „Граѓаните“ немаат проблем да издвојат голема сума на пари кога станува збор за дефанзивците.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top