Гвардиола воодушевен од својот играч: Му благодарам на клубот што ми го купи

Манчестер Сити ја продолжи добрата низа од стартот на сезоната, па по трите триумфи и едното реми, денеска запишаа нова победа, откако славеа против Фулам со 3:0 на домашен терен..

Во стрелците се запишаа Лирој Сане, Давид Силва и Рахим Стерлинг, но Гвардиола е воодушевен од португалскиот репрезентативец Бернардо Силва.

Овој млад фудбалер во Манчестер Сити пристигна минатото лето од Монако, скапо беше платен, но во првата сезона не се изнаигра.

Оваа сепак е стандарден, игра навистина добро, а Гвардиола е презадоволен.

„Речиси е невозможно да бидам позадоволен. Не го заборавам неговото однесување од минатата сезона. Но, додека сум јас тука, ќе биде и тој. Посебен е, толку е интелигентен. Му благодарам на Манчестер Сити што го купија од Монако“, изјави Гвардиола.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top