Хабиб ќе прифати реванш со Конор, но само под еден услов!

Кога станува збор за ММА спортот, во наредниот период веројатно најголемо внимание ќе се посветува на следниот противник на Хабиб Нурмагомедов..

Рускиот борец пред неколку ноќ во Лас Вегас го порази Конор Мекгрегор и на тој начин ја одбрани титулата во лесна категорија.

Ирецот веднаш по дуелот истакна дека очекува реваншт, но многумина сметаат дека УФЦ тоа нема да го дозволи без оглед на тоа и колкава ѕвезда бил. Нурмагомедов доминираше низ целиот меч и брутално го совлада Конор во четвртата рунда, па се неметнува прашањето дали Мекгрегор заслужува реванш.

Иако Хабиб не се огласи по повод ова,  сепак неговиот тимски колега Лука Рокхолд порача дека може да се случи реванш, но само во случај УФЦ да му понуди на Хабиб најголем хонорар во историјата.

„Доколку сакате реванш, доколку луѓето навистина сакат реванш и доколку мислат да го купат преносот за реваншто, ќе мора да му платат на Хабиб. На Нурмагомедов моментално во животот апсолутно не му треба ништо. Па така мислам дека ќе треба да му дадете многу многу голем чек. Веројатно ќе треба да му се даде најголемиот хонорар во историјата на ММА спортот. Го знам Хабиб, разговарав со него и доколку саката реванш, мора да се појават тука рекордни бројки“ изјави Рокхолд.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top