Халанд објасни зошто ја избра Борусија: Никој друг не ми понуди вакво чувство

Ерлинг Халанд одлучи оваа зима да ги напушти редовите на Салцбург и од големиот број понуди избра во иднина да го носи дресот на Борусија Дортмунд..

По фантастичните настапи во дресот на првакот на Австрија, норвешкиот фудбалер доби понуди од голем број европски великани, но тој на крајот се одлучи за Борусија.

Најголем фаворит покрај германскиот великан за неговиот потпис беше Манчестер Јунајтед. Меѓутоа, Халанд одлучи да го одбие великанот од „Олд Трафорд“, а конечно објасни и зошто ја избрал Борусија.

„Луѓето од Дортмунд беа директно и ми рекоа дека сум им потребен во врвот на нападот и дека го обожaваат мојот стил на игра. Јасно ми рекоа ’те сакаме тука’. Ми се допадна начинот на кој разговараа со мене и тоа беше пресудно. Минав неколку дена околу клубот, разговарав со сите и се чувствувам дека одлучив добро“, изјави Халанд.

Ниту еден друг тим не ми понуди чувство на припадност како Борусија.

„Разговарав со другите клубови, големи клубови, но никој не ми го понуди тоа чувство како што го имав во Дортмунд. Сите беа неверојатни кон мене и од почетоокт знаев дека сакам да дојдам во Дортмунд. Едвај чекам да заиграм пред 80.000 луѓе во неверојатната атмосфера. Исклучително сум возбуден“, додаде младиот напаѓач.

Норвешката суперѕвезда во редовите на Салцбург играше навистина чудесно. Така Халанд оваа сезона од австрискиот великан се прости со 28 постигнати гола во 22 натпревари.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top