Халкидики се опоравува по катастрофалната бура: Има струја и вода, животот се враќа во нормала

лектромонтерите и патарите и натаму работат на обновата на инфрасктруктурата и снабдувањето со електрична енергија на Халкидики, каде на сила е вонредна состојба по смртоносната бура во средата, соопшти денеска генералниот секретар за цивилна заштита на Гр.

До ноќеска требаше струја да стигне во местата Мармарас, Симантра и кампот во Сарти. Останатото подрачје од источна Касандра каде снема струја, постепено добива по замената на пет оштетени главни кабли. Состојбата се стабилизираше, а речиси во сите места стигна и струја и вода.

Од вчера попладне сообраќајот е воспоставен на делот од патот Потидеа-Неа Фокеа, кој беше затворен зошто бурата ја урна електромрежата на патот.

Министерството за здравство соопшти дека вкупно 14 повредени се уште се во болниците, од кои состојбата само на едно лице е критична. Во бурата која во средата кршеше и корнеше дрвја, кинеше кабли и превртуваше автомобили, загинаа седум лица, а повеќе од сто се повредени.

Да потсетиме, Халкидики беше погоден од незапаметено невреме, со ветар дури од 120 километри на час, кој спаѓа во ураган од прва категорија.

Според последните податоци загинаа најмалку седум луѓе, меѓу кои и две деца, а повредени се околу 120.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top