Хан: Сите земји од Западен Балкан имаат перспектива во ЕУ

Хан рече дека позитивните резултати од дијалогот на Белград и Приштина треба да бидат во интерес и на Косово и Србија, а тоа е европската перспектива..

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Србија изјави дека сите делови на Западниот Балкан имаат перспектива изразена во стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан, и која треба да создаде позитивен притисок врз сите политичари во регионот да работат на перспективата во интерес на своите граѓани.

Ова еврокомесарот го изјави на заедничката прес конференција со претседателот на Србија Александар Вучиќ во Белград, по завршување на нивната средба.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top